18:44 - 4 ноември, 2026

Дејан Миличевиќ за прв пат открива сè за својот живот: Живеев во луксуз, а потоа ми наредија да одам во подрум

Српскиот портал „Курир“ го претставува својот нов проект – формат кој ќе флертува со границата меѓу традиционалните новинарски интервјуа, исповеди и подкасти и ќе биде неделна доза на оптимизам за сите негови гледачи.

Во првата емисија „Не е сè така црно“, гостува фотографскиот маг Дејан Миличевиќ, кој за прв пат по 30 години ќе зборува за својот приватен живот и развојниот пат до успехот.

Миличевиќ ќе зборува за своите први чекори и соништа, ќе ги открие сите детали од неговото патување во Америка, кое било пресвртница во неговиот живот.

– Живеев во прекрасни услови до моментот кога ми беше наредено да се преселам во подрумот затоа што трошев струја, вода и „не правев ништо во животот“, морав да работам кај него во хемиско чистење, да примам валкани алишта од Американци и да им ги издавам чисти, да се трујам и да ги вдишувам тие хемикалии… – открива Дејан.

Исто така, Дејан за прв пат зборува за агонијата низ која поминал во Македонија каде си го нашол празен станот во кој живеел.

– Морничаво е! Доаѓаш, вратата е отворена, не е скршена… – вели Миличевиќ, а во првата емисија тој детално ќе раскаже како го ограбиле во срцето на Скопје.

Фотографот, кој од своето име направи бренд и кој работи веќе триесет години, за прв пат ќе проговори и за здравствените проблеми што ги имал и ќе ѝ даде совет на јавноста да избегнува слични искуства.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dejan Milicevic (@dejan_milicevic)

Слични објави

(Фото) Спомени од Тоше Проески во Риека — досега ретко видени фотографии откриваат како ги поминувал деновите во хрватскиот град

К.С.

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо
Се вчитува....