08:22 - 25 ноември, 2026

(Видео) Жељко Бебек падна на бината среде концерт, едвај стоеше на нозе

Познатиот пејач и поранешен фронтмен на групата „Бијело дугме“, Жељко Бебек доживеа непријатност на неодамна одржаниот концерт во Загреб по повод 50 години од неговата кариера, пишуваат српските медиуми.

Според видеото кое се прошири на социјални мрежи, Бебек настапувал во Загреб кога доживеал несреќа и паднал на бината.

Додека носел мегафон во рака и се приближувал кон публиката, Бебек наеднаш колабирал. Кога се обидел да стане, повторно изгубил рамнотежа и паднал.

На крајот, пејачот некако дошол до клавијатуристот и се држел за него, бидејќи очигледно имал проблем да остане на нозе.

И додека едни тврдат дека Жељко „испил половина кафана“, како што пишува во една од неговите песни, други се расправале и го бранеле во коментарите, тврдејќи дека е јасно дека се сопнал, а трети коментирале дека „мажот можеби има проблем“.

Слични објави

Дневен хороскоп за 25 ноември: Не плашете се да предложите нешто различно

Е.А.

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.

Вики Миљковиќ откри зошто не оди на слава кај кумата Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Синот на Лепа Брена ја украси елката во станот вреден 700.000 евра – сите гледаат во необичниот украс на врвот

Еспресо

Секој има свој кат: eве кој сè живее во замокот на Драгана Мирковиќ вреден 50 милиони евра

Еспресо

Го напушти Мостар со 200 марки в џеб, преживеа семејна трагедија и стана една од најголемите регионални ѕвезди

apostolova
Се вчитува....