13.8 C
Скопје
10:43 - 4 април, 2025

Дарко Лазиќ ја изнафали Алекснадра Пријовиќ: Не е важно што ѝ е снаа на Брена, таа е најталентирана пејачка на сцената!

Српскиот пејач Дарко Лазиќ, кој ја носи титулата на еден од најуспешните од шоуто „Звезда Гранда“, го коментираше огромниот успех на неговата колешка Александра Пријовиќ, која бележи рекордни успеси со солистички концерти низ арените ширум Балканот.

Лазиќ смета дека Пријовиќ сѐ заслужила сама, а не поради тоа што е сопруга на Филип Живојиновиќ или снаа на Лепа Брена.

– Александра е врвна пејачка, можеби најталентирана на сцената, а потоа и мојата кума Андреана Чекиќ, можам да класифицирам неколку други во тој круг што се однесува до пејачките способности. Штом некој направи нешто и успее во животот, веднаш бараме причина, дека тоа е поради ова или она. Таа знае да пее, да се разбереме Пријовиќ е пејачка, тоа што е снаа на Брена не е важно, луѓето ја сакаат поради неа, не поради тоа чија снаа и жена е – изјави Лазиќ и додаде:

– Ме нервираат луѓето кои сакаат да го оспорат туѓиот успех. Никој не може да каже дека Александра не е ѕвезда. Слушам некои коментари, но искрено да ви кажам, само завидливите и љубоморните луѓе можат да кажат нешто лошо за кариерата на Прија.

Слични објави

Дара Бубамара отишла на липосукција: Пејачката трпела огромни болки

Еспресо

(Видео) „Ова е венчален прстен, младоженецот се крие“: Цеца на раката покажа бурма, сите збунети

Еспресо

Хороскоп за 4 април: Бикови, освојувате од старт, Овните имаат сè, освен љубов!

Еспресо

(Фото) Катарина со драстични мерки: Ее што му напиша на гаќите на Дарко Лазиќ!

Еспресо

Ѓани е во голем минус поради повредата, жена му искрена: „Само нека е жив и здрав!“

Еспресо

Наташа Беквалац хоспитализирана! Пејачката се огласи од болница со важна порака

Еспресо