17:20 - 27 ноември, 2026

Даниела Димитровска не успеа да ги задржи солзите: Нејзиниот син замина во Париз

Даниела Димитровска, од бракот со водителот Огнен Амиџиќ, го има синот Матија, кој повремено се појавува на нејзините објави на социјалните мрежи. Сега, преку својот профил на Инстаграм, Даниела сподели еден исклучително емотивен момент со својот наследник.

Имено, таа објави низа фотографии и видеа на кои се гледа како го испраќа Матија на патување.

Тој замина со друштв во Париз, што за Даниела бил доста емотивен момент, бидејќи ова е неговиот прв самостоен лет.

Ова воедно е и нивно прво поголемо разделување, а манекенката не го скри фактот дека по разделбата со синот – пуштила солза.

– Прв самостоен лет, прво големо разделување и прв Париз со друштвото. А јас … Како и секоја мајка, се тресам, но се насмевнувам и не пуштам солза сè додека не влезе на аеродром. И успевам … скоро до крај. Мата замина во својата мала авантура, а јас останувам тука, малку поблага, но многу горда, затоа што ова е тој момент кога знаеш дека си направила нешто добро. Кога ќе го видиш своето дете како оди самоуверено, возбудено и подготвено да го запознае светот – напиша Даниела во објавата.

Слични објави

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.
Се вчитува....