5.8 C
Скопје
03:28 - 1 април, 2026

Чарлс III побарал од надбискупот да посредува меѓу неговите синови за Хари и Меган Маркл да дојдат на крунисувањето: Еве што им се нуди на војводите од Сасекс

Кралот Чарлс III од Велика Британија побарал од надбискупот Џастин Велби да стане посредник меѓу принцовите Хари и Вилијам, за на крунисувањето да дојде најмладиот син и неговата сопруга Меган Маркл, пренесува Дејли меил, повикувајќи се на извори од Бакингемската палата.

Според Дејли меил, Чарлс III би сакал војводите од Сасекс да бидат присутни на неговото крунисување, но оваа идеја воопшто не е поддржана од принцот Вилијам.

Најстариот син на кралот се плаши дека неговиот брат може да „исфрли“ нешто што ќе го оттргне вниманието на јавноста од главниот настан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabriel Ramos (@realgabrielramos)

Чарлс III, сепак, е подготвен да направи отстапки. Тој е убеден дека отсуството на војводите од Сасекс ќе предизвика уште повеќе озборувања. Еден од изворите вели дека на принцот Хари можеби ќе му биде ветено дека нема да му бидат одземени титулите, а исто така ќе му биде понудено место кое одговара на неговиот висок статус на церемонијата за тој сепак да дојде.

„Останува клучното прашање дали Хари ќе присуствува, и ако е така, под кои услови“, резимира инсајдерот, додавајќи дека принцот, очигледно, ќе го одложи одговорот до последен момент, што ги отежнува преговорите.

Претходно беше објавено дека принцот Хари бил исклучен од сценариото за крунисувањето на Чарлс III, што ќе се одржи на 6 мај во Вестминстерската опатија.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....