5.8 C
Скопје
00:49 - 1 април, 2026

Брајан Кокс: Сестрата на кралицата Елизабета ме пипкаше кога имав 23 години!

Ги стави прстите на мојата маица и ми рече: Ова е навистина убава маица. Потоа полека започна раката да ми ја става под маицата. Реков само „ух“. Не знаев што треба да правам кога некој од кралското семејство те допира, рекол актерот.

Актерот Брајан Кокс (73) тврди дека принцезата Маргарет го пипкала кога имал само 23 години, пишува Mirror. Сестрата на кралицата Елизабета Втора (93) го запознала актерот кога бил на почетокот на својата кариера.

YouTube

„Бев во кралскиот дворец. Бев во претставата со Алан Бејтс и беше мојот 23 роденден. Режисерот Линдзи Андерсон ми подари црвена маица. Токму тогаш ја измив косата и отидов да се запознаам со неа“, рекол Брајан, а тогаш и се случило нешто шокантно.

„Ги стави прстите на мојата маица и ми рече: Ова е навистина убава маица. Потоа полека започна раката да ми ја става под маицата. Реков само „ух“. Не знаев што треба да правам кога некој од кралското семејство те допира. Беше многу смешно. Џејмс Болам виде што се случува“, раскажал Брајан.

Profimedia

Ништо не се случило понатака помеѓу нив.

„Само зборуваше за тоа дека бев прекрасен на сцената. Сакаше да знае повеќе за мене… Беше извонредно суштество. И се извинив и заблагодарив. Така заврши“, рекол Брајан.

Тој се навратил и на скандалот со принцот Ендру, нарекувајќи го идиот.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....