16.8 C
Скопје
00:45 - 8 септември, 2026

Бојан Маровиќ ја прекина долгогодишната врска: „Мајка ми мисли дека никогаш нема да се оженам“

Поп-пејачот Бојан Маровиќ неодамна ја раскина долгогодишната врска со девојката со која планираше брак и деца, а дека раскинувањето не беше лесно сведочи и тоа што ги избриша сите заеднички фотографии со неа од социјалните мрежи. Во интервју за српски „Информер“, еден од најпосакуваните ергени откри дека се уште верува во љубов и дека фантазира за семејството кое самиот го имал.

Иако ја прекина врската, пејачот сепак верува дека ќе запознае жена со која ќе се ожени и ќе има деца.

„Мајка ми мисли дека никогаш нема да се оженам“, рекол Бојан Маровиќ.

„Сè се смени, сега повторно сум слободен… Едноставно не се случи, не ми беше судено да се оженам. Јас не сум некој што сака да прави драма од тоа, животот продолжува! Како и да е, јас сè уште верувам во љубов, бидејќи кој ќе престане да верува во љубов и ќе се откаже од неа, се откажал од себе. Вистината ќе дојде кога ќе дојде вистинското време“, додал пејачот.

Бојан за „Информер“ открил и дека неколку пати посетувал дом за незгрижени деца, а размислувал и за посвојување.

Маровиќ не крие дека би сакал да стане татко, но не по секоја цена. Како што вели, на децата им требаат двајцата родители, а не само еден, и дека посакува партнер со кој ќе го постигне тоа

Слични објави

Ана Бекута по 12 години го напушта жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој би можел да ја замени

Еспресо

(Фото) Се омажи пејачката Ева Нединковска: Мајка ѝ сподели детали од свадбата

Еспресо

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо

Српскиот рапер Цоби се ожени во тајност со 17 години помлада пејачка

Еспресо

Важен ден за Димитар Андоновски, пејачот двојно славеше

Еспресо

Јована Јеремиќ најави дует со Јелена Карлеуша: „Ќе се капеме во чоколадо!“

Еспресо
Се вчитува....