8.8 C
Скопје
06:16 - 18 октомври, 2026

Карлеуша се отвори за бракот со Тошиќ: „Само скапите часовници не ни биле проблем“

Пејачката Јелена Карлеуша неодамна гостуваше во поткаст на јутјуберот Богдан Илиќ, кој се прослави како Бака Прасе. Меѓу другото, тој ѝ подарил скап часовник кој никогаш не го ставила на рака.

Зборувајќи за тој аксесоар, сепак, ЈК се присети и на часовниците што ѝ ги подарувал поранешниот сопруг Душко Тошиќ.

– Часовник? Кој Бака ми го подари? Не носам часовник, но гледам дека сите ме прашуваат за тој часовник. Сите лицитираат колку чини, гледа дали е реален, споредува, мери, зумира… Часовникот е реален, а цената е сосема небитна. Дури и да е „лажен“, подарок е подарок. Сигурно нема да го фрлам, го имам, го чувам, убав е, навистина убав часовник е. Во колекцијата имам многу часовници кои сум ги добила, но и кои сум ги купувала за себе. Инаку, велат дека кога некој ќе ти подари часовник, тоа е знак за кавга, но не гледам никаков проблем во тоа кога некој ќе ми подари нешто толку скапо и убаво – изјави Јелена за српска „Република“, а потоа ја прашале колку часовници добила од Душко додека се уште биле во брак.

– Од Душко добив многу часовници. Всушност, добив сè што избрав од неговите часовници. Тие се сега мои. Што се однесува до тие часовници и кавги, за Душко е сепак поврзан онаа приказна за песната „Тивок убиец“. Часовниците се најмалиот проблем. Поточно, само часовниците не ни биле проблем – открила таа.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....