7.8 C
Скопје
01:19 - 28 април, 2024

Бизарни методи на казнување и смирување од 19-ти век

Опиумот се продавал како билка, но родителите им го давале и на своите бебиња и на малите деца кога сакале малку тишина или кога биле настинати.

Иако светот од 19 – тиот век се промени во сите свои сегменти, и денес живееме во модерна ера опкружена со технологија, едно нешто сигурно остана исто: советите до новите родители за тоа како да ги воспитуваат своите деца сè уште се споделуваат „на големо“.

И денес консултираме стручни книги и прирачници во потрага по најдобриот модел на воспитување, како и роднини, пријатели, па дури и случајни минувачи кои се подготвени да го споделат своето мислење и искуство на темата воспитување на децата.

Некои совети за воспитување деца од 19 век се навистина невообичаени и неразбирливи за современиот човек, но има и такви што можат да се применат и денес.

ЗА ИСХРАНАТА

Авторот на учебникот за хигиена, Џорџ Хенри Роу, во своето дело од 1890 година наведува дека сите проблеми со варењето на храната кај децата се јавуваат поради консумирање ореви, бонбони, пити, овошни колачи и кисели краставички. На родителите им се препорачува да избегнуваат на своите малечки да им даваат овошје, особено кајсии, праски, сливи, суво грозје.

Во тоа време била застапувана „хранлива храна“ како каша, леб и компир, но таа храна не смеело да им се дава на децата премногу топла или премногу студена, туку исклучиво млака. Ужинки не биле препорачувани, но ако било потребно, родителите биле советувани да му дадат на детето парче сув леб.

ИЗБЕГНУВАЈТЕ СĖ ШТО Е ЗЕЛЕНО

Значајна тема меѓу старомодните совети за родителите била избегнувањето на зелена храна. Лидија Марија Чајлдс, во својот водич од 1831 година во „Книгата за мајки“, истакнува дека на децата не треба да им се дава ништо зелено за грицкање додека им растат забите.

Паи Хенри Чавас тврди дека детето никогаш не смее да јаде храна што содржи жолти или зелени пигменти или да пие зелен чај. Според него, зелениот чај ја поттикнува нервозата, а особено младите не треба почувствуваат нервоза.

На родителите им било препорачано да внимаваат да не ставаат ништо зелено во устата на нивните деца, што всушност претставувало добар совет во тоа време. Имено, во 19 – от век, арсенот се користел за боење на разни предмети во длабоко зелена боја, од тапети и фустани до вештачки цветни ливчиња.

ИГРЊЕ, ЗАБАВА, ЧИТАЊЕ

Со оглед на тоа што игрите и забавата за децата во 19 век ги имало малку, веројатно ќе се согласите дека читањето било одлично хоби за младите. Сепак, според советите за родителите од тоа време, читањето во никој случај не било добра забава за децата.

На младите девојки и момчиња им се препорачувало да бидат претпазливи кога читаат фантастика, бидејќи се сметало дека го стимулира нивниот недоволно развиен мозок. Овој совет првенствено бил насочен кон девојчињата, затоа што се верувало дека романите, забавата и операта можат предвремено да ги доведат во пубертет.

Британскиот лекар Едвард Ј. Тилт, во својот водич за зачувување на здравјето на жените во критичните периоди од животот, напишал дека читањето романтична фантастика премногу ги стимулира младите девојки и е загрижен дека поради тоа ќе бараат романса во реалниот живот.

На момчињата, исто така, им се сугерирало да ја ограничат количината на читање на фикцијата. И наставниците биле советувани да бидат претпазливи кога станува збор за фикцијата, со следново објаснување: „Тоа е коренот на слабоста на човечкиот ум“,  пишува The Vintage News.

Фото: pixabay

Исто така, на родителите биле советувани да не им купуваат играчки на своите деца, бидејќи децата треба сами да ги прават за да го исполнат своето слободно време. Сепак, ова е совет со кој би се согласиле многу современи родители, бидејќи во денешно време децата се толку презаситени со играчки, што често не знаат да играат сами. Некои од старите идеи за играње биле правење колачи со кал и правење хартиени кукли.

ДЕЦАТА БИЛЕ СМИРУВАНИ СО ОПИУМ И МОРФИУМ

Посебен смирувачки сируп неретко им се давало на децата кога им растеле запчиња, поради што биле немирни и нервозни. Откриено е дека двете главни состојки во смирувачкиот сируп на г-ѓа Винслоу (Mrs. Winslow’s Soothing Syrup) биле морфиум и алкохол. Овој производ бил продаван како средство за ублажување на болката и дијарејата, а во 1868 година биле објавени податоци за продажба на дури 1,5 милиони шишиња годишно.

Исто така, во тоа време живата често се користела како домашен лек. Вилијам Хорнер во својот прирачник „Домашна книга за здравје и медицина“ од 1834 година, за живата зборува како лек за сите болести, но сепак ги советува читателите да ја користат со претпазливост. Живата тогаш била честа состојка во многу патентирани лекови и најчесто се користела во кремите против пеги.

И опиумот често се користел како еден вид „чудотворен лек“ што може да излечи било која болест. Опиумот се продавал како билка, но родителите им го давале и на своите бебиња, како и на малите деца кога сакале малку тишина или кога биле настинати.

ШТО КОГА ДЕЦАТА НЕ БИЛЕ ПОСЛУШНИ?

Во поголемиот дел од литературата за воспитување деца од 19 век пишува дека родителите треба физички да ги казнуваат своите непослушни деца. Во книгата: „Неколку предлози до мајките за управување со нивните деца“ од 1884 година, на мајките им се кажува дека старомодното тепање со тенка, мека, стара кожа или папучи е сепак најдобриот начин за казнување – само внимавајте да не ги удрите по уши.

Меѓутоа, на родителите кои не биле склони на физичко казнување од тој тип, им било препорачувано да ги врзуваат своите деца на стол, кога тие се однесуваат лошо, или да истурат ладна вода врз нив.

Извор: National Geographic RS

Слични објави

(Фото) Никола Роквиќ собори личен рекорд! Пејачот откри колку километри поминал денеска на пат за Грција, бројката е фасцинантна

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ пак ја шокираше јавноста, ги рашири нозете: „Сосема пукна женава“

еспресо

Таткото положи цвеќе, вдовицата ја нема! Миша Гроф ја одбележа годишнината од смртта на синот, Николина Пишек не била информирана

Еспресо

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо
Се вчитува....