08:44 - 5 мај, 2024

Бидете внимателни: Ако користите некој од овие лекови, не излегувајте на сонце!

Дали знаете дека лековите и сончањето не се добра комбинација? Ако земате одредени лекови, би требало да го избегнувате изложувањето на сончева светлина и на високи температури. Некои кремови против акни, антибиотици и антидепресиви во комбинација со сончевите зраци можат да доведат до разни несакани ефекти.
Поради тоа е многу важно внимателно да ги прочитате предупредувањата што се наоѓаат на упатствата на секој лек што го пиете, како и на кремовите и на другите препарати што ги користите. Одредени супстанции што можат да се најдат во нивниот состав ја прават вашата кожа фотосензитивна, т.е. почувствителна на светлина. Од една страна, тоа може да предизвика фотоалергија – алергиска реакција на кожата, која може да се појави и до неколку денови по изложување на сонце. Од друга страна, може да настане фототоксичност, иритација на кожата во рок од неколку часови. За да се спречи тоа, бидете внимателни!

Со кои лекови мора да внимавате ако престојувате на сонце:

Антибиотици
Антибиотиците можат да предизвикаат фотосензитивност и фототоксична реакција, што значи дека ќе ги влошат изгорениците од сонцето.
Кремови против акни и козметика против стареење
Препаратите што содржат ретинол и салицилна киселина може да доведат до исушување на кожата, па таа станува многу почувствителна на сонцето. Тоа значи дека ќе изгорите многу побрзо од вообичаеното.

Лекови против алергија
Некои орални антихистаминици може да влијаат врз намалено лачење на потта. Со оглед на тоа дека со потењето телото се разладува и ги исфрла токсичните материи, ова може да претставува проблем при високите температури. Ако телото не може да се разлади, се јавува топлотна исцрпеност, па дури и топлотен удар.

Антидепресиви
Овие лекови можат да го блокираат сигналот (што го праќа мозокот) дека вашето тело се прегрева. Тие, исто така, можат да го намалат потењето, што доведува до потешко разладување на организмот.

Антивоспалителни лекови
Секогаш кога земате некој од овие лекови, задолжително на кожата нанесете крем за сончање. Лекарите исто така препорачуваат и ако е можно, изложувањето на сонце да го сведете на минимум.

Витамини и препарати на растителна база
Многу витамини и билни препарати што можете да ги купите без рецепт имаат фототоксични ефекти. Затоа мора да бидете внимателни.

Креми за локална примена
Изложеноста на сонце може да го зголеми и ефектот на лековите што се апсорбираат директно преку кожата. Кога ќе добиете изгореници од сонцето, крвните садови на површината на кожата се шират и ова може да доведе до поголема апсорпција на лекот.

Слични објави

„Црна низа“ денови: Судбината ќе ја тестира силата на два хороскопски знаци

еспресо

Кејт Мидлтон е подготвена да ѝ прости на Меган Маркл: „Нивните деца се во никакви односи“

еспресо

(Видео) Никола Роквиќ за Велигден во манастирот Свети Никола: „Многу се радувам…“

еспресо

(Фото) Бритни Спирс загрижува со однесувањето: По хаосот и расправијата си заминала боса

еспресо

(Фото) Во домот на Лепа Брена сѐ е подготвено за Велигден! Синот на пејачката се пофали со празничната атмосфера

Еспресо

(Видео) „Четири километри во кал…“: Никола Роквиќ пешачи 13 дена, се огласи колку пари собрал

Еспресо
Се вчитува....