Славниот актер и неговата 16 години помлада девојка, веќе некое време се нераздвојни. После одморот во Куба отпатуваа на Костарика, каде се видени во романтична прошетка на плажа додека разменуваат нежности. Парот бил забележан прегрнат, додека се бакнува и ужива во романтичните моменти. Ѕвездата на новиот „Џејмс Бонд“, 31-годишната Ана де Армас на плажата се појави во лежерно издание, без шминка и фризура, боса, во долг портокалов фустан.
Тие уживаа на плажатакаде се забавуваа и фотографираа меѓусебно. Како што пишува магазинот „Пипл“, младата кубанска актерка, шетајќи го својот сакан низ родната земја, го однела на „своите најсакани места“. Оскаровецот и неговата избраничка се запознале на снимањето на трилерот „Длабоки води“ минатата година.
Потсетуваме дека Афлек пред неколку години се разведе од актерката Џенифер Гарнер, со која има 3 деца и понатака е во многу добри односи.