5.8 C
Скопје
06:59 - 1 април, 2026

Бали Бег во агонија: Купил вила од 2,5 милиони евра му се закануваат дека ќе му го киднапираат детето (ФОТО)

Турскиот актер Бурак Озџивит (35), познат по улогата на Бали-Бег во серијата „Сулејман Велинчествениот“, има проблеми со криминалци поради луксузната вила која ја пазарил во близина на Истанбул.

Покрај актерот, за вилата бил заинтересиран и еден човек од подземјето, а бидејќи Бурак прв дал капар, имал и предност во купувањето на имотот, вреден околу 2,5 милиони евра.

– Проблемот се случил кога Бурак дознал дека уште некој друг бил заинтересиран за тој имот и дека цената не му е важна. Тој дал капар, а другиот купувач останал без куќата – изјавил изворот.

Фото: Инстаграм

– Набрзо се дозна дека другиот заинтересиран купувач е припадник на криминална банда и дека воопшто не му се допаднало што останал без вилата, која по секоја цена сакал да биде негова – објаснил изворот.

Кога криминлаците наводно му се заканиле дека ќе му го киднапираат синот, Бурак ги контактирал надлежните служби и изнајмил телохранители поради безбедноста на својот наследник.

– Верува дека се ќе се заврши, но не му е сеедно. Изнајми лично обезбедување без кое не излегува од куќата и се надеваат дека таа драма ќе се заврши многу брзо – рекол извор близок на актерскиот пар.

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....