6.8 C
Скопје
05:20 - 18 април, 2024

АНТИВОЕНИ ГЛАСОВИ: Не само Мадона и холивудските ѕвезди, и РУСКИТЕ УМЕТНИЦИ велат „ДОСТА“ на конфликтот!

Многу од руските ѕвезди се побунија против системот. Академици, но и млади „инфлуенсери“, прочуени телевизиски личности, како и илјадници луѓе кои излегоа на улица да протестираат од почетокот на конфликтот.

Сè повеќе ѕвезди од естрадата и спортот рекоа „Не за војната“ во Украина. Овие гласови се провлекоа и на неодамнешно одржаната церемонија за доделување на значајните американски награди САГ (Screen Actors Guild), настан на кој секоја година се наградуваат најдобрите улоги на глумците кои се членови на истото здружение. На настанот кој се одржа после едногодишна пауза поради пандемијата, постојано се зборуваше за руската инвазија на Украина.

ОД МАЈКЛ ДАГЛАС ДО МАЈКЛ КИТОН

На црвениот тепих, бројни глумци изразија солидарност носејќи панделки во боите на Украина. Глумецот Мајкл Даглас, придружуван од неговиот син Камерон, ја изрази својата солидарност носејќи џебно марамче во боите на украинското знаме. Корејско-американската актерка Грета Ли се појави во сино-жолт фустан дизајниран од американскиот моден креатор Марк Џејкобс, во чест на украинските бои. Глумецот Мајкл Китон, кој беше меѓу наградените актери на САГ, му оддаде почит на претседателот на Украина со зборовите „имаме колега актер, Зеленски, кој заслужува награда вечерва за водење на битката“.

Џесика Честејн, на настанот избрана за најдобра актерка за филмот „Очите на Тами Феј“, го посвети својот говор на Украина: „Моето срце е со сите оние кои се борат за својата безбедност и слобода“.

Шкотскиот актер Брајан Кокс, исто така награден на настанот, допре до срцата на сите. Тој ја повика јавноста да се сети и на руските уметници и граѓани кои се спротивставија на Владимир Путин. Кокс се присети на минатото на украинскиот претседател Владимир Зеленски како сценарист и комичар:

„Навистина, навистина е страшно, навистина е страшно тоа што се случува. Особено е страшно што ги погодува и другите луѓе, и оние кои се во нашата професија. Претседателот на Украина беше глумец – комичар. Тој беше одличен глумец и треба да го почитуваме. Но, она што навистина ме вознемири е она што се случува во Русија со моите колеги актери, актерки, уметници, писатели и критичари. Под обвинение за велепредавство им е кажано дека не можат да кажат ни збор за Украина и мислам дека тоа е многу страшно. Мислам дека сите треба да застанеме заедно, дури и зад луѓето во Русија на кои не им се допаѓа тоа што се случува, особено зад уметниците…, зашто токму тие можат да направат промена“, рече Кокс во својот говор проследен со овации.

Штом кренат глас, отпуштени се од работа!

Многу од руските ѕвезди се побунија против системот. Академици, но и млади „инфлуенсери“, прочуени телевизиски личности, како и илјадници луѓе кои излегоа на улица да протестираат од почетокот на конфликтот.

Рускиот телевизиски водител, музичар и глумец, Иван Ургант, напиша на социјалната мрежа Инстаграм: „Страв и болка. „Не“ за војната“, објавувајќи црна фотографија во знак на жалост. Следниот ден, неговата програма била укината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Иван Ургант (@urgantcom)

Елена Черненко, најпознатата руска новинарка за надворешна политика која работи во весникот „Комерсант“, била избркана од Министерството за надворешни работи, откако покрена антивоена петиција со која беа собрани стотици потписи за неколку часа.

Ден по инвазијата, група руски истражувачки новинари и научници напишаа отворено писмо во кое го осудија воениот напад.

„Ова е фатална одлука која ќе предизвика огромни човечки загуби и ќе ги поткопа темелите на колективниот безбедносен систем“, се вели во текстот потпишан од над 2.000 научници, „одговорноста за започнување на нова војна во Европа целосно паѓа на Русија“. Меѓу потпишаните се и холандско-британскиот физичар со руско потекло Андреј Гејм и руско-британскиот физичар Константин Новоселов, и двајцата добитници на Нобелова награда.

Не останаа „неми“ ни ќерките на руската елита: Лиза Пескова, најстарата ќерка на прес-секретарот на претседателот на Руската федерација Дмитриј Песков и Софија Абрамович, ќерка на еден од првите олигарси, Роман Абрамович.

Во знак на протест, Елена Ковалскаја, директорката на московскиот државен театар „Мејерхолд“ поднесе оставка од функцијата. „Не можaм да работам за убиец и да земам плата од него“, напиша таа на Фејсбук.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kirill Savchenkov (@kirillsavchenkov)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Слични објави

(Фото) Сања Маринковиќ без грам шминка: Водителката покажа како изгледа кога ќе се исклучат камерите

Еспресо

Се смирија Мелина и Џина по бурниот период? Еве што направи ќерката на Харис Џиновиќ

Еспресо

„Многу ми се налути“: Јелена Карлеуша откри дека Канје Вест ја блокирал на Инстаграм

Еспресо

(Видео) Александра Пријовиќ се расплака на концерт: Пејачката не можеше да ги запре солзите

Еспресо

Ин мемориам: Почина Антон Андов, уредник на постпродукција на „Слободен печат“

еспресо

Се огласи Тони Бијелиќ по тврдењето дека со Мелина е во Монако: Еве како Харис реагираше на ова

еспресо
Се вчитува....