01:03 - 10 јануари, 2026

Анегдота која и денес се прераскажува: Ајнштајн го пофалил славниот комичар и добил генијален одговор

Познатиот научник во една прилика рекол дека Чарли Чаплин е единствената личност што сака да ја запознае, а потоа таа желба му се остварила.

Алберт Ајнштајн и Чарли Чаплин ги запознал директорот на студиото Универзал, Карл Лемл. Приказната вели дека двајцата генијалци веднаш нашле заеднички јазик.

Не поминало долго време и Чаплин ги поканил Ајнштајн и неговата жена Елза на вечера. Тоа бил почеток на едно прекрасно пријателство.

Ајнштајн често престојувал во резиденцијата на Чаплин. Се чинело дека тоа на актерот воопшто не му пречело, во една прилика изјавил дека Алберт е многу пријатна личност со неверојатна интелектуална енергија.

Сепак, моментот што го обележал нивното пријателство се случил во јануари 1931 г. кога заедно дошле на премиерата на филмот „Светлата на градот“.

Научникот и глумецот влегле во салата рака под рака, и двајцата носеле црни „пеперутки“, а сопругата на Ајнштајн била од левата страна на Чаплин. Тогаш е забележан интересен разговор меѓу нив.

Она што ме воодушевува кај вашата уметност е тоа што е универзална. Не кажувате ни збор, а сепак, целиот свет ве разбира – рекол Ајнштајн.

Тоа е вистина, но вашата слава е уште поголема. Луѓето ви се воодушевуваат, а никој не ве разбира – му одговорил Чаплин.

Оваа анегдота се прераскажува во неколку верзии. Некои велат дека тој разговор никогаш не се случил, други тврдат дека се случил, но не на премиерата на филмот, туку додека биле на прошетка низ Холивуд. Сепак, Јанош Плеч, доктор и личен пријател на Ајнштајн, во својата биографија потврдил дека разговорот навистина се случил на премиерата на филмот.

Инаку, повеќемината мислеле дека Ајнштајн и неговата сопруга на премиерата биле поканети како обични гости, а тие всушност биле таму како поддршка на Чаплин кој многу се плашел од реакциите на публиката за филмот.

Секако, денес знаеме дека стравот бил непотребен, зашто „Светлата на градот“ бил еден од најуспешните филмови во таа деценија, а моментот кога Ајнштајн и Чаплин заедно пристигнале е еден од највпечатливите моменти во историјата на Холивуд.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....