14:37 - 1 април, 2026

Андреа Бочели за Велигден ќе пее во Миланската катедрала: Тоа ќе биде молитва за Милано и за цел свет!

Италијанскиот тенот Андреa Бочели во недела на Велигден ќе настапи во Миланската катедрала, која ќе биде празна, а настапот ќе се пренесува преку Јутјуб.

„Пред неколку дена му се јавив на Бочели. Тој потврдно одговори, значи дека ќе биде во Милано за Велигден, во 19 часот, во празна катедрала, ќе пее сакрална музика“, најави градоначалникот на Милано, Џузепе Сала.

„Тоа нема да биде концерт, повеќе можност заедно да се помолиме. Молитва за Милано и за цел свет, соочени со потполно болен, тажен настан, да испратиме порака за Велигден, порака за љубов и искупување“, објасни Андреа Бочели за Corriere della Sera.

Наведе и дека луѓето благодарение на интернетот ќе бидат „поврзани, обединети со суптилна нишка, со вера, која е посилна од секоја привидна оддалеченост“.

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....