6.8 C
Скопје
12:25 - 22 февруари, 2025

АНА БЕКУТА СКРШЕНА ОД БОЛКА: Мркоњиќ пред неговата смрт на болничката постела ја заколнал пејачката доколку тој умре таа да продолжи да пее

Српскиот политичар, почесен претседател на СПС и пратеник Милутин Мркоњиќ почина вчера во Белград во Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“.

Како што претходно објавија медиумите, Мркоњиќ од болничката постела ја заколнал Ана Бекута дека ако тој умре таа нема да престане да пее.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)


Ана Бекута за српските медиуми раскажала колку е тажна и скршена поради губитокот на саканата личност.

Ана Бекута сега проговорила за првпат по смртта на нејзиниот партнер, а зборовите се срцепарателни:

– Замина мојот Милутин. Ве молам сите да ме разберете во оваа болка што нема да се огласувам – кратко и јасно порачала Бекута.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)

Пејачката скршена од болка била покрај него до последниот момент и секојдневно го посетувала на клиниката.

Бекута и Мркоњиќ беа во врска 10 години.

Мркоњиќ беше во брак со сопругата Драгана од која официјално никогаш не се разведе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)

„Веднаш станав свесна дека тој е човекот на мојот живот. Не на првата, туку на нашата втора средба. Тоа беше приватна седенка и беше присутен покојниот Бата Живојиновиќ, во тоа време договораа да ја објават неговата книга. Мојот пријател свиреше за нив и ме покани. Кога таму седи господинот Мркоњиќ, кој веднаш скокна од столчето, нѐ послужи и таа вечер на дружењето, сѐ ми стана јасно“, изјавила Ана претходно за „Ало“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)


Иако релативно доцна се запознале и се вљубиле, Бекута во една прилика изјавила дека нејзината љубовта дошла кога била подготвена за тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)

Вистинскиот човек се појавува кога си подготвен за тоа, кога ќе се засакаш себеси. Јас навистина чекав, првата половина од животот ми помина во потрага. Кога се запознавме, јас имав 52 години, тој речиси 70. Но, да се сретневме порано, можеби немаше да се препознаеме. Не е баш дека знаеме што е љубов во дваесетите и триесеттите… Дури подоцна го сфаќаме тоа, кога со мудроста и искуството ќе се постават некои вредности на своето место“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)


Иако поминаа десет години заедно, никогаш не планирале венчавка.

„Не планирам да се мажам, не сум луда. Сакам да бидам слободна, а меѓу нас постои доверба од самиот почеток. Бракот и онака не би променил ништо“, изјавила неодамна Ана Бекута.

Пејачката и политичарот најмногу уживале слободното време да го поминуваат во заедничкиот дом.

Слични објави

(Видео) Поранешната на Харис Џиновиќ „уловена“ во Монако: Мелина излегла од луксузен хотел, па ја пречекале со бесен автомобил бентли

Еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ приклучен на инфузија: Сопругата Исидора објави фотографија, цело време е покрај него

Еспресо

Хороскоп за 22 февруари: Стрелците ќе бидат повредени во љубовта, Девиците ќе решат семеен проблем

Еспресо

Славење во домот на Анабела „Фанки џи“: Луна Ѓогани му се обрати на својот очув со емотивни зборови

Еспресо

Ова се свекорот и свекрвата на Анастасија Ражнатовиќ: Таткото на Гудељ е моќно име во фудбалот!

Еспресо

Мајката на Дарко Лазиќ измамена! Се огласи жената на нејзиниот партнер Драган

Еспресо
Се вчитува....