15.8 C
Скопје
18:27 - 25 октомври, 2026

Александра Пријовиќ заврши во болница: Морала да прима специјални лекови од Америка

Пејачката Александра Пријовиќ најави дека по последниот концерт во Белград, за кој подготвува нешто досега невидено, ќе пее и за новогодишната ноќ и после тоа ќе се повлече од јавната сцена. Прија за една година одржала 67 големи концерти, а бидејќи освен настапи има и други обврски, не е чудно што поради преголем умор завршила во болница.

На Александра ѝ се слошило минатата недела, па Филип Живојиновиќ брзо ја однел до Ургентниот центар. Ја земале крвта и виделе дека нема доволно железо и дека мора да го промени начинот на исхрана и да се одмори.

Ја ставиле на инфузија за да ја зајакне, а Филип навистина се налутил и пред докторот ѝ рекол дека е многу загрижен и дека мора да размислува за себе и за своето здравје. Уште кога започна турнејата на Прија, таа почна да слабее бидејќи јаде помалку од порано и често ѝ паѓа имунитетот. Како што пишуваат српските медиуми Пријовиќ морала да добие специјални витамини од Америка за да го зајакне имунолошкиот систем и да биде во полна сила пред концертот во Белград.

Слични објави

Саша Капор со потресна порака за смртта на познатиот композитор Зоран Тутуновиќ – Тутун

Е.А.

Наташа Беквалац шокираше со признанието за гласот и сопствениците на клубови: „Не ме сакаат бидејќи со мене нема голем промет“

Е.А.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се преселија во Мадрид

Е.А.

(Фото) Ава Карабатиќ се спореди со Шарлиз Терон, следуваа брутални коментари: „Оди бери маслинки“

Т.Ц.

На четири хороскопски знаци во ноември ќе им се исполнат долгоочекуваните желби — конечно доаѓа периодот што го чекаа

К.С.

Љубовната приказна на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ — се заљубиле, раскинале, па повторно се пронашле

К.С.
Се вчитува....