10:56 - 21 ноември, 2026

(Видео) Најслатко нешто: Марија Шерифовиќ објави видео со синот, малиот Марио не се дели од мајка си

Српската пејачка Марија Шерифовиќ се труди секој слободен момент кога паузира од настапот да го помине со синот Марио.

Таа покажала како го поминува утрото со наследникот, тие уживале гледајќи анимирани филмови за деца, а Марија му потпевнувала песни на наследникот додека го држала во скут.

Да потсетиме, Марија Шерифовиќ го доби синот со помош на сурогат-мајка, а во една прилика зборуваше на оваа тема додека гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“.

– Во Америка сум од 2014 година, тоа тогаш не беше актуелно. Немаме доволно време да разговараме за ова детално, дозволете ми да ви раскажам сè, можеби тоа некому ќе му помогне, многу веројатно ќе му помогне. Сè што направив, го направив по совет на најдобрите лекари во САД во тоа време. Во моето единствено интервју реков, по некои неуспешни обиди, единственото решение беше тоа – рекла Марија, а потоа објасни:

– Страшно ми пречи што на Балканот, со должна почит кон сите нормални, цивилизирани луѓе, луѓето седат под камен.Јас седам во Америка, се сончам и читам како луѓето седат во емисии, утрински програми и зборуваат како таа жена е врзана за радијатор, како е малтретирана личност, како е тоа… Почитувани, ова е постапка која бара илјадници документи, потпишани документи. Мојата сурогат-мајка имаше масажи секој ден, домашна помошничка… Таму не се работи за ропство – рекла Марија.

 

Слични објави

Денеска е Аранѓеловден — што не треба да правите на големиот празник посветен на Свети Архангел Михаил?

К.С.

Дино Мерлин: „Татко ми замина кога имав седум години, а мајка ми правеше сè да нè изведе на прав пат“

Е.А.

Мирис на домашна кујна — рецепт за посни колачи со ореви што се топат во уста

К.С.

Дневен хороскоп за 21 ноември: Посветете го денот на себе, избегнувајте дополнителни обврски

apostolova

Јована Јеремиќ носела детаљ од 20.000 евра на свадбата со Тигар: Поради него ја тужела пејачката

Еспресо

(Фото) Најзгодната српска актерка се соблече и го покажа совршеното тело: Еве на која егзотична дестинација ужива

Еспресо
Се вчитува....