21:06 - 14 септември, 2026

Луѓето бесни на Сека Алексиќ зошто имала настап по трагедијата во Нови Сад, пејачката веднаш се огласи: „Никој не знае да прегрне кога боли“

Голема трагедија ја снајде Србија кога во петокот на 1 ноември на железничката станица во Нови Сад се урна бетонска настрешница, при што животот го загубија 14 лица. Во Нови Сад беше прогласена тридневна жалост, додека 2 ноември во цела Србија беше прогласен за Ден на жалост.

Многу пејачи ги откажаа своите настапи за да покажат дека сочувствуваат со болката на семејствата на жртвите, но некои пејачи продолжија да работат како ништо да не се случило. Меѓу нив беше и пејачката Сека Алексиќ, која прексиноќа настапи во Босна и Херцеговина.

Видеата од настапот на Сека ги „преплавија“ социјалните мрежи, проследени со бројни коментари: „Сека навистина ме разочара сега, ова не го очекував од неа“; „Ден на жалост освен за најголемиот моралист на Твитер“; „Слоба е стандарден верник кога треба, Сека е будала, а гледам дека пеела и Марина Вишковиќ… Ама ние како народ немаме ни тронка емпатија кон неа, и тоа е она што најмногу ја боли“; „Природно е да не можеш да пееш, секако не знам како им е на луѓето да излегуваат и како овие будали имаат срце да пеат и да танцуваат… Така никогаш нема да се наситиш“.

Видеата и атмосферата од настапот Сека не ги сподели на своите профили на социјалните мрежи, но продолжи да објавува работи кои го сочинуваат нејзиниот секојдневен живот. Пејачката на својот инстаграм-профил вчера сподели кадар од тераса на хотелска соба со поглед на реката Уна.

Сека повторно се огласи и сподели сцена од нејзиниот дом во Стара Пазова, а потоа и цитат кој гласи: „Секој би сакал ѕвездите да паѓаат од небо, никој не знае да прегрне кога боли“.

Слични објави

Саша Ковачевиќ имал операција, а само три дена подоцна застана на сцената

Еспресо

(Фото) Изненадување од саканиот – романтичен роденден на Цеце Николова

Еспресо

Жешки сцени од спалната соба — Теодора Џехверовиќ направи хаос на социалните мрежи

Е.А.

(Фото) „Мојот херој“: Емотивна приказна за помалиот син на Панчо, Марјан

Еспресо

Љубов за која сите зборуваа — Анѓелка го остави мажот, па се омажи за неговиот близок пријател

Е.А.

„На земјава ти си најдобрата“: Романтичен гест на саксофонистот Папаз за сопругата

Еспресо
Се вчитува....