5.8 C
Скопје
00:35 - 1 април, 2026

Ако нема драма, тој ќе ја измисли! Психолошки профил на хороскопските знаци – Лав

Лавот е знак со голема телесна и умствена моќ, голем потенцијал кој несомнено ќе го искористи на правилен начин. Неговиот апетит е огромен, има цврста волја и изразена самодоверба. Тој добро знае што сака, а и како да го постигне тоа. Да го сфатите Лавот, треба да ја дознаете неговата средина – приватна, професионална и социјална.

Лавот е оној кој има доминантна улога или барем се труди да ја постигне. Сè што прави, прави од срце, но и заради некого. Се однесува како актер во театар, дури и кога е сам си замислува дека некој го гледа и го оценува. Му треба внимание, воодушевување, обожавање, аплауз! Плодовите од неговиот талент и креативност се ништовни, ако не се изложени на туѓите погледи. Премногу е самоуверен и егоист, па понекогаш не може да ја процени реално ситуацијата.

Им завидува на оние кои имаат повеќе од него, но ќе им помогне на другите кога ќе забележи дека имаат одредени способности. Сака да биде покровител, иницијатор и заштитник. Многу е великодушен во друштво, а посебно спрема оние кои му се лојални и кои ги сака. Без него светот би бил досаден. Тој е тој кој на сите ќе им даде поголема димензија, повеќе зачин и сјај. Не го интересира ништо просечно. Копнее за слава и почести, титули, подароци и пофалници. Тежнее кон луксуз, а има непогрешлив инстинкт да ги препознае вистинските вредности. Многу е емотивен, бучен и арогантен, често претерува и во доживувањата и описот на нешто. Ако нема драма, тој ќе ја измисли!

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....