Опасниот вирус COVID 19, кој ја крена целата планета на нозе, а поради кој се прогласи пандемија, секојдневно носи нови жртви, а јавните личности се повеќе апелираат луѓето да бидат одговорни со цел да се намали ширењето на заразата.
На нив им се придружи и познатата српска пејачка Марија Шерифовиќ, која ги повика сите да бидат разумни, совесни и одговорни кон себе, но и кон другите околу себе.
Пејачката која неодамна одржа три концерти во „Сава центар“ , требаше да замине за Америка, меѓутоа коронавирусот и ги расипа плановите.
– Ок… Ќе и дадам неколку свои месеци на е*ната корона. Ќе се грижам за себе и за луѓето околу мене. Ќе носам маски и ракавици. Ќе ги мијам рацете. Ќе го држам кучето под клуч. Верица е во карантин. Јас нема да одам никаде. Ќе бидам добар граѓанин. И тоа ви го предлагам на сите вас. Бидете добри граѓани додека ова лудило заврши – порачала Марија.
– Ако не сте граѓани за пример, директно имате проблем со мене, а знаете дека тоа не е добро (насмевка). Тогаш јас поради вас нема да можам да идам во Америка, нема да можам во Венеција на ручек, ниту пак да отидам на попуст, нема да може Хак да се шетка кога и да посака, нема да можам во Далмација на пршута и вино, нема да можам во Босна на чебапи, нема да можам да играм плејстејшн со екипата. Токио секако ми пропадна…
– Затоа се надевам дека фино се договоривме. Бидете совесни и добри граѓани. Ајде бидете поздравени и без секирација – завршила Марија, една од најпопуларните пејачки во регионот.