6.8 C
Скопје
08:43 - 1 април, 2026

Адел откри кога ќе објави нов албум! (ВИДЕО)

Пејачката Адел својот последен албум насловен „25“ го издаде во 2015 година. Минатиот викенд, додека пееше и ги забавуваше гостите на венчавката на нејзина блиска пријателка, 31-годишната Адел се пофали дека во септември ќе може да се очекува нов музички материјал од неа.

Добитничката на Греми својот последен албум го објави пред цели пет години, а на него се наоѓаат големите хитови како „Hello“ и „Send my love (to your new lover)“.

Станува збор за трет студиски албум благодарение на кој пејачката доби дури пет Греми награди, вклучувајќи ја и наградата за албум на годината, а кога го прими ова признание, Адел и оддаде почит и на својата колешка Бијонсе, која исто така беше номинирана.

Во последно време, името на Адел во јавноста се споменуваше во многу прилики, меѓутоа, за пејачката можеше да се слушне и прочита за сѐ, освен за музика. 

Најпрво главна тема беше нејзиниот развод, а потоа и таинствените мажи со кои Адел беше видена во јавноста, па се до нејзиното губење на килограми, поради што таа денеска изгледа речиси непрепознатливо.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....