20.8 C
Скопје
18:32 - 27 септември, 2026

42 роденден на ѕвездата што никогаш не гасне – Тоше Проески, познатите Македонци со емотивни пораки: „Медиокритетите и понатаму ни диригираат по сопствени партитури, а ние божем одбиваме да свириме фалш“

Нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески, кој прерано го загуби животот, денес ќе полнеше 42 години. Но, Македонија и нејзините граѓани не го забораваат Тоше, момчето кое има само датум на раѓање – 25 јануари 1981 година.

принтскрин/јутјуб

Во чест на Тоше, денес ќе се случуваат повеќе настани.

Во холот на Дом на АРМ од 9 до 17 часот по 19-ти пат ќе се реализира крводарителска акција.

– Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина ќе ја организираат традиционалната крводарителска акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител Тоше Проески кој, за жал, прерано го загубивме, соопшти Црвен крст на град Скопје.

Колегите музичари пак, денес ќе се соберат во родното Крушево на Тоше, да пејат во негова чест.

„На 25 јануари со почеток во 12 часот, во Спомен куќата “Тодор Проески” во Крушево ќе пеам во чест на Тоше“, напиша на својата Фејсбук страница Андријана Јанеска.

Голем број естрадни уметници, пријатели на Тоше но и бројни корисници на социјалните мрежи денеска постираат емотивни пораки со сеќавање на единствениот Тоше Проески.

„Денес ќе имаше 42, сигурна сум дека ќе имаше уште 10 албуми, немаше да престанеш да пееш….секогаш првата мисла ми е твојата насмевка, таа беше љубовна,животна приказна…таа насмевка гласна која го исполнуваше просторот во кој си шушкавме за работи кои само ние си ги знаевме…..и ми фалат оние образи што кога ќе ги штипнев ми остануваа во раце…таа топлина која ја имаше во себе… тоа ми фали“, напиша глумицата Весна Петрушеска.

„Помина една година. Цела година. За миг. За час. Помина побргу од која било детска песничка што си ја напишал. Сигурен сум дека си добар таму горе. И нека не ти е мака што не си овде долу, со нас.
Да ти кажам искрено стари, ништо не си пропуштил. Медиокритетите и понатаму ни диригираат по сопствени партитури, а ние божем одбиваме да свириме фалш. Она што вредеше во годинава што летна се љубовта и почитта од луѓето за тебе, изразена во малку солзи и уште повеќе насмевки.
Нема да ти посакам да бидеш добар, оти таму кај што си, не може да ти е лошо. Чувај ми место до клавирот…“, се огласи Игор Џамбазов на својот Инстаграм профил.

„Секој твој роденден Тоше, наша е воздишка“, пишува на роденденската торта направена за Проески. Фотографијата ја сподели неговата сестра Дора.

фејсбук

Слични објави

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо

Сашко Коцев и Смиљана прославија 14 години брак – Актерот ја запроси својата сакана пред преполната Универзална сала

Еспресо

Хороскоп за 27 септември: Раковите ќе најдат сигурност во тивка поддршка, Девиците ќе средат нешта што долго им тежеле

Еспресо

„Срам да ти е, таква жена да изневеруваш!“: Повозрасна госпоѓа го пресретнала Иван Босиљчиќ на улица и го навредувала

Т.Ц.

Понекогаш најважната промена ја забележува некој друг: Даниела почна да слабее, сакаше да се откаже, а нејзината ќеркичка ја потсети зошто треба да продолжи

Еспресо

Сузана Јовановиќ одби да зборува за односот со Лепа Брена: „Навистина не сакам, нема потреба“

Е.А.
Се вчитува....