27.8 C
Скопје
19:13 - 8 септември, 2026

(Видео) Вака мајката -„вештерка“ на Пике ѝ држи лекција на Шакира: Папучарот-фудбалер молчи и трае

Разделбата меѓу Шакира и Жерар Пике трае веќе половина година, но валканите алишта се уште излегуваат на виделина за тоа што се случувало во нивната врска.

А неодамна на социјалните мрежи стана вирално едно старо видео на кое се гледа како мајката на поранешниот фудбалер гестикулира со својата поранешна снаа, што наиде на доста критики.

Иако долго време се зборуваше дека односот на пејачката со нејзината свекрва е многу добар, во видеото кое се споделува на социјалните мрежи од обожавателите на Шакира, се потенцира еден нељубезен момент на Монсерат Бернабеу со уметницата. .

На видеото може да се види дека и двете разговараат покрај Пике, а во еден момент од разговорот нејзината поранешна свекрва и го стиска левиот образ на Шакира и потоа ѝ дава знак да молчи.

Реакцијата на Шакира не може да се види бидејќи нејзиниот грб е свртен кон камерата која го сними настанот, но секако не изгледа како пријателски разговор, бидејќи Монсерат Бернабеу прави гестови со рацете, а нејзиното лице не покажува дека се шегува. Додека се случува ова, Пике не ни обрнува внимание на тоа што се случува и разговара со човек кој исто така е во кадарот.

Со ова видео до некаде и се објаснува зашто Шакира неодамна на балконот стави кукла која личи на вештерка, свртена кон дворот на својата сосетка – мајката на Пике.

Слични објави

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.
Се вчитува....