14:19 - 12 ноември, 2026

(Фото) Парис Хилтон стана мајка: „Веќе си неописливо сакан“

Преку објава на Инстаграм, Парис Хилтон сподели со светот дека сега е мајка, покрај нејзиниот сопруг Картер Реум.

Инфлуенсерката и поранешна манекенка објави фотографија од раката на нејзиното бебе како држи еден од нејзините прсти, додавајќи до фотографијата срце.

„Веќе неописливо си сакан“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Веста за бебенцето на Хилтон беше малку изненадувачка бидејќи таа претходно не беше видена бремена и не сподели никакви конкретни планови за нејзиното претстојно мајчинство, но „Пипл“ известува дека првото бебе на двојката било родено преку сурогат.

Парис Хилтон изјави за People дека отсекогаш ѝ било сон да стане мајка, додавајќи дека е среќна што го пронашла својот сопруг Картер Реум.

„Толку сме возбудени што ќе го основаме нашето семејство и нашите срца експлодираат од љубов кон нашето момченце“, објави Пипл..

Двојката во декември сподели дека го започнале процесот на ин-витро оплодување за време на ковид-пандемијата.

 

 

 

Слични објави

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.
Се вчитува....