13:08 - 13 ноември, 2026

(Фото) ТОЈ беше најголема љубов на Јелена Карлеуша: Тешко ја преболе неговата смрт

Јелена Карлеуша сега е во брак со Душко Тошиќ, иако според српските медиуми парот е разделен и не се во добри односи. Со Душко, српската пејачка има две ќерки. Но, пред него, била вљубена во „опасниот тип“ Зоран Давидовиќ Чанда, кој беше убиен во 2000 година.

Потсетуваме, Чанда и Иван Стојановиќ беа ликвидирани откако се вратија од погребот на нивниот пријател Бранислав Лаиновиќ Дуги, кој беше убиен неколку дена претходно на улицата Устаничка во Белград.

По погребот одржан во Нови Сад, Џанда и Иван се вратија назад кон Белград со „ауди“ управувано од Стојановиќ, а загинаа кога ги претрка „ауди“ во кои биле напаѓачите. Напаѓачите испукале околу 30 куршуми од калашникови кои ги погодиле жртвите во вратот и главата, при што ги убиле на лице место.

Карлеуша ја започнала својата романса со Џанда за време на бомбардирањето на НАТО, а оние кои ги познавале од почетокот на врската велат дека имале многу заедничко – од силата на личноста и хуманоста, до смислата за хумор. Јелена признала и дека и е важно „Зоран да може материјално да ѝ парира“.

Јелена и Зоран, фото фејсбук

Џанда не криел колку е импресиониран што се забавува со пејачката, а поради врската со неа доби сосема нова репутација.

„Кога ќе се погледнам во огледало, си велам: „Каков шармер“. Кога влезе во врска со мене, Јелена доби „бинго““, своевремено изјавил Давидовиќ

Јелена тешко го поднела убиството на Зоран.

„Од почит кон семејството на Зоран, не сакам многу да зборувам за трагедијата. Беше прекрасен човек, одличен пријател и внимателен како партнер. Сите што го запознаа му се восхитуваа. Полицијата нека си ја работи својата работа, јас тешко ја поднесов неговата смрт“, изјавила Јелена кратко по неговата смрт.

Како што објавија српските медиуми, Јелена ја навестила трагедијата со песната која се појавила на нејзиниот албум „Гили, гили“ од 1999 година. Станува збор за песната „Јас би била твојата убава невеста“.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....