3.8 C
Скопје
22:02 - 10 март, 2026

ТЕСТЕНИНИ СО ЧЕТИРИ ВИДА СИРЕЊЕ: Превкусен и брз рецепт од кујната на Теа

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Денес Теа со сите вас споделува рецепт за тестенини со четири вида сирење.

– Ако се прашувам кој вид на сос за тестенини ми е омилен, тогаш дефинитивно изборот паѓа на сос со 4 вида сирење – ни вели Теа.

Потребни состојки:

▪️250 гр. равиоли со 4 вида сирење
▪️200 мл. павлака за готвење
▪️50 гр. кашкавал (гауда или едамер)
▪️50 гр. пармезан
▪️50 гр. сино сирење
▪️50 гр. моцарела
▪️маслиново масло
▪️сол и црн бибер

Начин на подготовка:

Во тенџере на оган ставете вода да се загрева и во неа додадете малку сол. Откако ќе почне да врие, во водата ставете ги равиолите да се варат.
Во тавче ставете ја павлаката за готвење и почнете да ја загревате на тивок оган. Кога ќе почне да се згуснива во неа додадете една кутлача од водата во која се вареа равиолите. Промешајте и додадете ги сите сирења. Мешајте за да се растопат и на крај додадете ги сварените равиоли. По потреба посолете и наросете мелен црн бибер.
Декорирајте со малку маслиново масло и рендан пармезан.
На здравје и уживајте!

Слични објави

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо
Се вчитува....