3.8 C
Скопје
21:45 - 20 декември, 2024

12 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА КСЕНИЈА ПАЈЧИН: Колку и да била голема нивната љубов, толку тие биле токсични еден за друг

Животот на српската пејачка Ксенија Пајчин згасна на 16 март 2010 година, а веста за нејзиното убиство го потресе целиот регион.

За турбулентната врска меѓу популарната српска пејачка и црногорскиот манекен често се пишуваше, но никој не очекуваше дека ќе има трагичен исход.
Според српските медиуми, тогаш 22-годишниот Филип ја убил 32-годишната Ксенија откако таа му открила дека абортирала во приватна клиника и рекла дека сака да раскине со него.

Филип Каписода ја застрелал пејачката во нејзиниот стан во белградската населба Вождовац, а потоа и себеси. Нивните тела ги пронашла нејзината мајка Љубица, а сведоците велат дека таа избезумена излегла и плачела: „Зошто ми се случи ова? Зошто на моето дете?

Парот често раскинувал и се смирувал, а причината наводно била неговата љубомора и ужасните испади. Живееле заедно и планирале да се венчаат, но Ксенија повеќе не можела да го поднесе неговото малтретирање. Кога го оставила, тој сепак верувал дека повторно ќе се смират.

„Таа ми се довери дека сака да го напушти Филип, но се плашеше што би можел да и направи. Ми кажа дека трпи психичка тортура и дека се плаши не само за себе туку и за бебето. Се сомневаше дека е бремена, но тоа не смееше да му го каже“, рекол извор близок до пејачката.

Нејзините соседи повикале полиција кога Пајчин собрала храброст и раскинала со Каписода, а тој се иселил од нејзиниот стан убеден дека ќе му даде уште една шанса. Но, кога тоа не се случило, тој се вратил, а таа не сакала да го пушти во нејзиниот дом и ја заклучила вратата.

Според блиски пријатели на парот, Каписода рекол дека ќе се самоубие доколку Ксенија го остави. Некои го бранат и манекенот, тврдејќи дека пејачката му забранила контакт со пријателите и семејството, што го довело до работ.

„Ксенија му забрануваше да се дружи со пријателите. Го поздравив на една забава, а Ксенија потоа го удри. Замислете колку некој требало да го извади од такт за да се случи ваква трагедија. Нивната врска беше болна“, изјави за српските медиуми пријателката на Филип, Гога Секулиќ.

Наводно во една прилика изгубил контрола над автомобилот додека возел бидејќи Ксенија го удирала, но Каписода молчел за нивната врска и проблеми. Колку и да била голема нивната љубов, толку тие биле токсични еден за друг, истакнуваат нивните блиски.

Ксенија Пајчин беше едно од омилените естрадни имиња во регионот – не само на публиката, туку и меѓу своите колеги. Танцот беше нејзина голема љубов и затоа својата кариера ја започна како танчарка во дискотеките ширум Србија. Потоа, стана членка во музичката група „The Duck“ со која стекна голема популарност во деведесеттите години. По напуштањето на групата, Ксенија ја започна својата солистичка кариера која ја обележија неколку големи музички хитови како „Дечко ми је уморан“, „Пица“, „Нино“ итн.

 

 

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....