23:11 - 13 ноември, 2026

ВОНРЕДНИ ВЕСТИ ОД СЛАВЧО ПОПОСКИ: Температури потпросечни, до 0 степени, внимавајте на здравјето!

– Во текот на вечерните часови, како и во текот на претстојната ноќ, но и утре на повеќе места ќе продолжат повремените врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, и тоа особено во западните предели и на некои места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Локално ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Температурите ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и утре ќе се искачуваат во интервалот само од 13 до 20 степени.
Според Попоски во петок ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, додека за време на викендот ќе има стабилизирање на времето.
Наутро температурите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО пониски и под просекот и на некои места ќе се спуштат дури до околу 0 степени.
Од друга страна пак, максималните температури ќе бележат тенденција на не многу голем пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.
– Во Скопје и околината исто така ќе има услови за повремени врнежи од дожд во текот на ноќта и утре, додека од петок па натаму ќе има постепено стабилизирање на времето. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 23 степени, вели популарниот метео прогнозер Попоски. 

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....