23.8 C
Скопје
15:52 - 1 октомври, 2026

(ФОТО) ОТВОРЕНО СО ПУЛИКСЕНИЈА ЈОВАНОСКА: Научив како е да победуваш, губиш и да продолжиш напред

Го освои 9. место, даде сè од себе, македонската каратистка достоинствено ја претстави Македонија.

фото – приватна архива

– Го оставив зад себе тоа блиско минато, но настапот на Олимписките Игри е нешто што ја краси мојата кариера, нешто на што сум особено горда – вели Пуликсенија Јованоска. – Верував во сето она што го вложував во каратето, сите тренинзи, затоа можам да кажам, нескромно, дека кога нешто силно посакуваш ќе се оствари, така беше и за ОИ, мислам дека настапив заслужено.

Во време на пандемија, Јованосака не престана со тренинзите.

– Беше тежок период, процесот за настап на ОИ траеше 4 години, во овој случај 5 години, се пролонгира поради пандемијата, турнирите се одржуваа, немаше застој. Во однос на тренинзите, морав да се прилагодам последната година, кондиционите тренинзи да ги правам на отворено, додека пак во сала ги почитувавме мерките и протоколите – ни објаснува спортистката.

Ката е дисциплина во каратето која претставува борба со замислен противник. Тоа е основата на каратето која се изучува од првиот жолт појас па сè до црниот појас и сите данови.

– Катата е борба со замислен противник каде што треба буквално да влезеш во филм и да направиш изведба како се бориш. Оценувањето го прават судиите, исто е како оценувањето во уметничкото лизгање. Се оценува брзина и експлозивност. Има два, неподелени критериуми, физичка подготвеност и техничка изведба. Сето тоа го презентираш во околу 3 минути – вели Јованоска.

Катите со кои ќе се претстават имаат право да ги одберат самите каратисти.

– Секоја ката си има специфични елементи кои се карактеристични, како тежина на изведба на елемент, ризик при ротација, при спуштање, ризик при скокови и се се оценува за бод повеќе, додава таа.

Каратето за првпат имаше шанса да биде дел од Олимпиското семејство како спорт, а Пуликсенија беше единствениот македонски претставник во карате.

– Го достигнав и постигнав 9. место и за мене тоа е голем успех на кој сум особено горда. Да се биде со 10те најдобри каратисти во светот во момент кога прв пат каратето е дел од ОИ е чест и привилегија за мене – гордо одговара Пуликсенија.

Јованоска од шест години е активна на татамите. Ја одбрала дисциплината кати и 20 години е верна на борбата со замислен противник.

Нејзината порака е јасна кога станува збор за спортот, денот најдобро се започнува со тренинзи, а спортот е најздравиот начин на живот.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

„Го удри трамвај среде Белград“: Тома Здравковиќ доживеал сообраќајна несреќа кратко пред смртта

Е.А.

„Игор го немам видено 15 дена“: Кеба отворено за синот, бремената снаа и подготовката за новата животна улога

Е.А.

(Видео) Дарко Лазиќ ја прегрна вдовицата на Тома Здравковиќ додека ѝ го пееше познатиот хит од покојниот сопруг

Е.А.

Ви трне едната страна од телото? Еве кога причината е безопасна, а кога е потребна итна помош

Еспресо

Александра Јанева сподели момент со ќеркичката Тина: Најважната улога во животот

Еспресо

Урната куќата на Весна Змијанац во Ковачи: Соседите откриваат што се гради на нејзино место

Еспресо
Се вчитува....