03:51 - 8 ноември, 2026

„ВИШНОВАТА ГРАДИНА“ ВО РЕЖИЈА НА МИЛЧИН ВЕЧЕРВА НА МОТ: Драма за транзицијата, за неподносливата леснотија на пропаѓањето на општеството

Вечерва (26.ноември) со почеток во 20 часот во Театар Комедија ќе се изведува претставата „Вишновата градина“ во режија на Владимир Мичин. 

 „Вишновата градина“ е драма за транзицијата, за неподносливата леснотија на пропаѓањето на општеството и цивилизацијата.

Алчноста на новозбогатените криминалци безмилосно го уништува човештвото уништувајќи ја неговата колевка, Земјата, уништувајќи ја природата и сè што живее во неа. Она што вџашува е немоќта на луѓето да се противстават, да ја одбранат културата и природата, да ги одбранат вредностите на цивилизацијата пред новите варвари. Прогресот не е гарантиран. Тркалото на историјата стигна до пролетерската револуција, но од неа се изроди новата класа манипулатори чија алчност не знае за граници.

„Вишновата градина“ е сценска минијатура во најубавото значење на зборот, во нејзините камерни димензии се содржи трагедијата на светот во кој живееме.

Билетите за претставите изнесуваат 300 денари, а достапни се преку bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....