16:53 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА на временската состојба кај нас!

– Денес и утре времето во Македонија ќе се задржи сончево и релативно топло преку ден со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Наутро ќе биде релативно СТУДЕНО со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат до околу 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината денес и утре ќе се задржи сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 24 степени.

Според Попоски од среда и тоа особено навечер и во текот на ноќта кон четврток следува ПОЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА на временската состојба кај нас. Облачноста ќе се зголемува и од запад ќе се прошират врнежи од дожд кој на повеќе места ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.

Сепак, НАЈИНТЕНЗИВНИ врнежи ќе има во западните и во југозападните предели, каде особено во четврток и во петок локално ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог.

– Ќе дува и слаб до умерен, а особено долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бележат тенденицја на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ и од четврок ќе бидат под просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот само од 9 до 17 степени.

И во Скопскиот регион од среда навечер и во текот на ноќта кон четврток следува промена на времето проследена со врнежи од дожд и со опаѓање на температурите на воздухот. Максималните дневни температури особено од четврток ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 16 степени, заклучува Попоски.

Слични објави

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо
Се вчитува....