08:15 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: По индиското лето, голема промена на времето и врнежи, еве кога

Во останатиот дел од викендов, како и во понеделник времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Температурите ќе бидат ВИСОКИ и над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, додека во Скопје максимумот на температурата ќе се искачи до околу 30 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски. 

Потоа во текот на ноќта кон вторник ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

-Во вторник во текот на денот, а особено попладнето ќе биде нестабилно на повеќе места со дожд, локална појава на грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град.  Максималните температури во вторник ќе бидат во опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени, објаснува метео прогнозерот.

Според Попоски, уште поголем пад на температурите ќе има од среда па натаму кога времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, и тоа под влијание на влажен и постуден воздушен бран. На некои места врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец.

-Од среда температурите повторно ќе бидат ПОД ПРОСЕКОТ за овој дел од годината и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 15 до 23 степени. Во опаѓање ќе бидат  и минималните утрински температури на воздухот, вели Попоски.

Слични објави

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.
Се вчитува....