6.8 C
Скопје
06:08 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Какво време ќе имаме за празникот, ќе ни треба ли чадор?

– Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, денес времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Во текот на денот и тоа поради заладувањето, услови за врнежи од снег ќе има и на некои од пониските места. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и студено со умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец. Ќе има услови и за локално проврнување на дожд и снег. Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.

Според Попоски, утре ќе има краткотрајно стабилизирање на времето и повеќе сонце. Наутро ќе биде студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени. Под влијание на влажен воздушен бран, од четврток попладне па натаму ќе има нови повремени врнежи од дожд и снег на планините.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....