10:45 - 12 ноември, 2026

(ФОТО) СУЗАНА ТУРУНЏИЕВА: Кога ќе се справиме со внатрешните, полека исчезнуваат и надворешните непријатели… Проверено!

Нашата позната пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева на својот фејсбук – профил сподели фотографија во интересен опис, кој веројатно го темели на своето животно искуство.

– Кога ќе се справиме со внатрешните, полека исчезнуваат и надворешните непријатели… Проверено! – стои во описот на објавата на Сузана која последниве две пандемиски години ужива во искреното пријателство со Атиџе.

Кога е пријателството во прашање, сметаме дека Сузана покрај себе има една особено драга и може да се каже вистинска пријателка. За искреното пријателство на хероината од филмот „Медена Земја“, Атиџе Муратова и нашата позната пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева пишувавме многупати.


Нивното пријателство не беше спречено ниту од пандемијата на коронавирусот. Двете дами го користеа секој момент да го поминат заедно, а секое нивно дружење да го збогатат со многу музика.

Неодамна двете дами го остварија долго најавуваниот дует „Од Бекирлија до Битола“, а притоа беше промовиран и видео спот за оваа композиција, која е најава за нивниот прв заеднички албум „Иста судбина“.

Сузана и Атиџе, уживаат во секој слободен момент да поминат квалитетно време заедно. Патуваат заедно, уживаат во заедничкото друштво и долгите муабети, а притоа имаа и неколку настапи пред македонкстата публика.

 

Слични објави

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.
Се вчитува....