05:08 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Какво ќе ни биде времето за празничниот продолжен викенд?

– Денес времето во Македонија ќе биде облачно и СВЕЖО со повремени врнежи од дожд кој локално ќе бидат и ПОИНТЕНЗИВНИ. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени.

Според Попоски за време на продолжениот празничен викенд времето ќе се задржи облачно и ДОСТА СВЕЖО со повремени врнежи од дожд.

– Повремено врнежите ќе бидат и ПОИНТЕНЗИВНИ, а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Не се исклучува можноста на највисоките планински места и за провејување на СНЕГ. Температурите остануваат потпросечни за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, објаснува Попоски и додава:

– И во Скопје и околината времето во следните денови останува облачно и СВЕЖО со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 14 степени.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....