7.8 C
Скопје
19:47 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Каде ќе удри циклон на почетокот на неделата, каде дожд, а каде ќе огрее сонце?

– Како што претходно кажавме, до понеделник под влијание на стабилна и сува воздушна маса, времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло преку ден со температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 20 степени. Наутро ќе биде студено со минимални температури кој понекаде ќе се спуштаат до околу -3 степени, со што локално и понатаму ќе има појава на слаб мраз, вели нашиот шармантен метео прогнозер Славчо Попоски, кој, инаку, сè погодува.

Фала ти, Славче, што си дел од нашиот тим!

Е сега да знаете како да се облечете во понеделник и дали да и понесете со себе чадор.

– Во понеделник во текот на денот од запад облачноста полека ќе се зголемува, додека под влијание на циклонска активност, во текот на ноќта кон вторник и тоа од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд. Врнежите ќе продолжат и во вторник во текот на денот, но полека ќе се поместуваат кон исток и до крајот на денот ќе престануваат. Локално и тоа особено на запад ќе наврнат околу 15 л/м2 воден талог, а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, особено во вторник, објаснува Попоски.

Според метео прогнозерот Попоски, температурите и покрај оваа промена остануваат релативно високи, и тоа поради јужното воздушно струење и истите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 17 степени.

Во Скопје и околината до понеделник времето ќе биде стабилно, суво и сончево, додека во вторник ќе има зголемување на облачноста и врнежи од дожд, проследени со засилен југоисточен ветер.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 17 степени.

Слични објави

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо
Се вчитува....