10:29 - 3 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Издржете го уште малку дождот, следуваат топли денови, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СВЕЖО за овој период од годината со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели каде локално се очекува да наврнат околу 20 л/м2 воден талог. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 19 степени, забележува Попоски. 

Според Попоски утре, особено претпладне ќе има услови за повремен локален дожд, додека од попладневните часови ќе настапи постепено стабилизирање на времето, па за време на викендот, како и во почетокот од следната недела ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат и до околу 0 степени.

Максималните пак, ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

Слични објави

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј во невидено издание

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо
Се вчитува....