01:37 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Драстични промени, доаѓа вистинско лето!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски. 

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 22 степени.

Според Попоски, за време на викендот, како и во понеделник ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност.

Температурите ќе бележат тенденција на значителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, што значи дека истите ќе бидат над просекот за овој дел од годината.

– Нова промена на времето ќе имаме од вторник, кога ќе има повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, а ќе има услови и за локална појава на грмежи. Температурите на воздухот повторно ќе бележат тенденција на значително опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени, заклучува Попоски.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....