08:01 - 11 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Дождови, еве во кои периоди од денот!

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СВЕЖО, на повеќе места со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој особено долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски. 

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено во доцните попладневни и вечерни часови, како и во теко на ноќта. Температурата ќе се искачи до околу 24 степени.

Според Попоски, утре ќе се задржи претежно облачно и СВЕЖО време за овој период од годината со повремени врнежи од дожд. Локално, и тоа особено во западните предели врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен.

– Во петок се уште ќе има услови за локален краткотраен дожд, додека за време на викендот ќе има стабилизирање на времето и намалување на облачноста, како и мало покачување на максималните температури, додека наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат и до околу 0 степени, вели Попоски.

Инаку досега најмногу дожд има наврнато во Струмица, и тоа 25 л/м2 воден талог, потоа во Гевгелија 18 л/м2, во Берово 14 л/м2 и во Скопје 8 л/м2 воден талог. На другите места врнежите беа со послаб интензитет.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....