12:21 - 13 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Чекајте го снегот и кај вас!

– Денес и утре времето во Македонија ќе се задржи претежно облачно со локални врнежи од дожд и снег на пониските, и снег на повисоките места и на планините, каде снежната покривка и понатаму ќе се зголемува. Во вечерните часови и во текот на ноќта поради понатамошно спуштање на студената воздушна маса од север, локални врнежи од снег ќе има и на пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец и истиот долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, додека утре истите ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени.

Наутро на повеќе места температурите ќе се спуштаат под нулата и истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината денес и утре ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 5 и 6 степени, додека наутро температурите ќе се спуштат до околу 0 степени.

Според Попоски, потоа во текот на новата недела времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Локално ќе има услови за слабо провејување на снег а минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени во најтоплите предели од државава.

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....