6.8 C
Скопје
07:48 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРЕДУПРЕДУВА: Земјоделците многу да внимаваат!

– Во текот на оваа ноќ, особено во северните предели ќе има услови за слаб локален дожд, додека од утре па натаму времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието и во источните предели, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Под влијание на постудена воздушна маса од север, од утре па натаму максималните температури ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени, додека во текот на следната седмица наутро ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО, кога минималните температури понекаде ќе се спуштаат и под нулата, односно истите ќе се спуштат и до околу -2, -3 степени.

– И во Скопскиот регион од утре па натаму времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утре ќе дува умерен, повремно засилен ветер од северен правец, додека температурите ќе бележат тенденција на пад и максималните дневни ќе се искачуваат до околу 15 степени, додека наутро, особено од почетокот на следната седмица истите ќе се спуштаат до околу 2, 3 степени над нулата, што значи ќе биде релативно СТУДЕНО, продолжува Попоски.

Попоски предупредува земјоделците да бидат внимателни и да внимаваат на земјоделските култури во текот на следната седмица: Се очекуваат температури кој на многу места ќе се спуштат до околу 0°C, со што ќе се зголемат условите за појава на слана и слаб мраз. Исто така, на некои места температурите се очекува да се спуштат дури и 2, до 3 степени под нулата. Сето ова е поради влијаниете на студената воздушна маса од север, која ја најавуваме веќе неколку денови.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....