9.8 C
Скопје
03:11 - 4 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРЕДУПРЕДУВА: Врнежите продолжуваат до…, внимавајте на поплави! На планините можност за снег!

– Денес, како и во следните денови под влијание на ИЗРАЗЕНА влажна воздушна маса, времето во Македонија ќе се задржи претежно облачно и СВЕЖО со повремени врнежи од дожд. Повремено врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на некои места се очекува да наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог ( над 50 л/м2 воден талог), вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Напомена: Поради повремено ПОИНТЕНЗИВНИТЕ врнежи, ќе продолжи да се покачува нивото на езерата и реките низ Македонија, со што во текот на следниот период не се исклучува можноста и за локални ПОПЛАВУВАЊА. На високите планини повремено ќе има услови за провејување на СНЕГ.

– Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец, и истиот повремено на некои места ќе засилува на интензитет. Температурите остануваат да бидат потпросечни за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени. Во Скопје и околината и понатаму останува облачно со повремени врнежи од дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец и истиот повремено ќе засилува. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 д 15 степени, заклучува Попоски. 

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....