08:47 - 16 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРЕЦИЗИРА: До колку степени ќе се згрееме и кога?

– За време на овој викенд времето во Македонија ќе се задржи пооблачно, а ќе има услови и за сосема слаб локален и краткотраен дожд. Особено денес, и тоа долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бележат тенденција на пораст, и тоа поради продор на потопла воздушна маса од југ и истите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Според Попоски, во Скопскиот регион викендов ќе се задржи пооблачно време, а особено денес ќе има услови за слаб локален и краткотраен дожд. Исто така, денес ќе дува умерен ветер од северен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.  Температурите ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 15 степени.

– Потоа од понеделник ќе имаме уште потопло време, како и повеќе сончеви периоди, иако уште во понеделник ќе има услови за локален краткотраен дожд. Температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст, и истите од понеделник па натаму ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени, додека во најтоплите предели иситите има услови да се искачат до околу 20 степени, заклучува метео прогнозерот.

Слични објави

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо

Сопругата на Лазар Ристовски ѝ одговори на жена која ја нарече спонзоруша: „Ги доби своите пет минути“

Еспресо

„Каде песно моја“ – меланхоличниот евергрин на Славе Димитров што речиси пет децении ја чува својата магија

Т.Ц.

Весна Ривас ја прослави годишнината со сопругот кој ја изневерувал – се разделија, а денес повторно се заедно

Е.А.
Се вчитува....