6.8 C
Скопје
08:48 - 27 октомври, 2026

ПЕТАР ГРАШО КОНЕЧНО СЕ ОГЛАСИ ЗА НОВАТА ВРСКА: Има уште многу нешта што не ги знаете!

Пејачот Петар Грашо конечно се огласи и проговори и за прв пат во јавноста за неговата врска со Хана Хуљиќ, нејзината бременост и понатамошните планови.

Откако во јавноста како бомба одекна веста дека хрватскиот пејач ставил точка на врската со колешката Даниела Мартиновиќ, која траеше 24 години, а запловил во емотивна врска со Хана Хуљиќ, Грашо конечно се огласи.

На почетокот, Грашо ги негираше гласините за „Тпортал“ и првпат ја коментираше нивната романса.

– Првпат слушам за тоа. Како и за многу информации за кои се пишува деновиве, ниту оваа не е вистина – рекол Грашо смеејќи се.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gloria.hr (@gloria.hr)

Потоа, тој изјавил дека се обидува да најде време да се одмори во викендицата и да се посвети на берба на малини, како и на ловот на лигњи.

– Мојата работа е забава, така што немавме ниту годишен одмор. Страшно сме зажелени за свирка, а очигледно и луѓето се желни за нас, па имавме доста концерти низ целиот регион. Фатив можеби пет, шест дена за пливање и риболов – рече Грашо, успешно избегнувајќи го прашањето „дали има нешто што не го знаеме“, а потоа во еден момент одговорил кратко и јасно:

– Има уште многу нешта! Ама за тоа нема да зборувам – рекол музичарот, кој е во центарот на вниманието на јавноста поради турбуленциите во љубовниот живот, а особено откако неодамна се шпекулираше дека неговата нова љубов, Хуљиќ, е бремена, а што пејачот веднаш демантираше.

Слични објави

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.
Се вчитува....