5.8 C
Скопје
04:48 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Снежната граница се спушта….проверете дали и до вас!

– Како што веќе најавивме, за време на овој викенд под влијание на поголем влажен воздушен бран од Медитеранот, времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините, каде снежната покривка позначително ќе се зголеми. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2). Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец и истиот на некои места повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје за време на овој викенд времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, поинтензивни во текот на утрешниот ден. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 5 и 7 степени.

Според Попоски, потоа постабилно и релативно суво време ќе имаме во првите денови од следната недела.

Напомена: За време на овој голем влажен воздушен бран кој е поврзан со постудениот воздух од север, не се исклучува можноста особено во западните предели снежната граница повремено да се спушта и под 1000 м.н.в, со што услови за врнежи од дожд и снег ќе има и на некои пониски места.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....