7.8 C
Скопје
21:27 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Снег и на пониски места, не само на планините, еве кога ќе се радуваме!

– Во остатокот од од овој викенд времето ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните предели. Утре доцна попладне и навечер врнежите ќе се прошират на повеќе места и ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ во западните предели. Ќе има услови и за локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи, додека на високите планини ќе има повремени врнежи од снег, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец и истот на некои места ќе биде и СИЛЕН (над 70 км/час). Поради јужното воздушно струење, викендов температурите ќе бидат релативно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени.

– Вкупното количество на воден талог во западните предели во следниот период ќе надминува 50 л/м2, објаснува Попоски.

Во Скопскиот регион викендов времето ќе биде променливо облачно, особено утре доцна попладне и навечер ќе има повремени врнежи од дожд, а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе се искачуваат до околу 16 степени.

Според Попоски поголемо заладување, проследено со засилен северен и северозападен ветер и услови за провејување на снег и на некои места со помала надморска височина се очекува во почетокот од следната недела, односно во вторник.

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....