07:33 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Снег! Еве кога доаѓаат првите значителни врнежи снег!

– Како што веќе кажавме, утре ќе имаме променливо облачно и релативно суво време, додека од петок и тоа под влијание на влажен воздушен бран ќе има повремени врнежи од дожд.

Поинтензивни врнежи ќе има особено во западните предели, додека на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, од петок исто така ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 13 степени, додека за време на викендот, и тоа поради јужното воздушно струење истите ќе бидат повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени.

И во Скопскиот регион утре ќе се задржи променливо облачно и релативно суво време, додека од петок па за време на викендот ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Од петок исто така ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 14 степени.

РАНА НЕОФИЦИЈАЛНА НАЈАВА:

Наскоро конечно планинските места, како и скијачките центри би можеле да добијат значителни врнежи од СНЕГ, и тоа на самиот крај од овој, и почетокот на следниот месец, поточно кажано следната седмица. Има можност снежната граница да се спушти и на помала надморска височина.

Слични објави

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо
Се вчитува....