05:46 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Ќе врне ќе истура, но каде ќе биде дождот најинтензивен?

– Од оваа ноќ доаѓа најавената ГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето, што значи дека од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд. Потоа од утре, па во следните денови следува период на облачно и ЗНАЧИТЕЛНО постудено време со врнежи од дожд, најавува метео прогнозерот Славчо Попоски.

Врнежите на повеќе места ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, но сепак НАЈИНТЕНЗИВНИ врнежи ќе има во југозападните и западните предели каде локално се очекува да наврнат над 40 л/м2 воден талог.

Според Попоски ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од источен и од југоисточен правец, додека температурите од утре ќе опаднат за повеќе од 10 степени во споредба со сегашните и ќе се искачуваат во интервалот само од 9 до 17 степени, што значи дека ќе бидат потпросечни за овој дел од годината.

– И во Скопскиот регион од утре следува облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО време со врнежи од дожд со променлив интензитет. Температурите ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и ќе се искачуваат само до околу 15 степени. Поради падот на температурите на воздухот, и поради ГОЛЕМОТО ЗАЛАДУВАЊЕ не се исклучува можноста во следниот период на највисоките планински места и за провејување на СНЕГ. Конечно после оваа промена, СТАВАМЕ КРАЈ НА ГОЛЕМАТА СУША која ја имаше зафатено нашата држава но и регионот во текот на изминатото лето, заклучува Славчо Попоски.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....