2.8 C
Скопје
19:30 - 20 декември, 2024

САМО ЗА МАЖИ СО СТИЛ: Совети за додворување за секој тип жена

Актерки, спортистки, новинарки, келнерки … Толку многу различни жени шетаат на оваа планета. Но, не грижете се – ние собравме за вас доволно информации за секој тип.

Таа е можеби келнерка во вашето омилено кафуле поради чии насмевки и однесување прометот во кафулето од месец во месец се зголемува. Или можеби е русокоса музичарка облечена во фармерки и бела маичка, која откачува акорди на гитара и со тоа ве излудува.

За среќа, новите истражувања покажуваат дека има надеж за сите  Но, што е она што ве привлекува кај една жена?

„Тоа што е – нова”, вели антропологот Хелен Фишер, и додава: „Новата жена во вашиот живот го зголемува производството на допамин во телото, што резултира со чувство на возбуда, радост и оптимизам.”

За да ја освоите било која жена , во нејзините очи ќе мора да се издигнете од „стадото“ на слични типови кои трчаат по неа. Тоа не е лесно, но возможно е.

СПОРТИСТКА

ЗОШТО НЕА? За почеток: тесни маички, заеднички тренинзи и туширање после тренингот. Се разбира, и подобар секс. Истражувањето спроведено во Турција покажа дека кај спортистките гениталниот проток на крв значително е поголем од просечната жена, кое се одразува во значително посилното либидо. Со спортистка, исто така, побрзо ќе се решите од вишокот килограми – докажано е дека полесно ќе ослабете и ќе останете во форма ако сте опкружени со луѓе кои се фит и многу активни.

ВНИМАНИЕ! Ако таа секојдневно тренира, сигурно ќе посака покрај себе човек кој ќе ги дели нејзините интереси. Што значи дека ќе ви помогне во намерата да тренирате, но тоа исто така значи дека нема да се реагира ако ги прескокнувате тренинзите и „тренирате” со момците покрај барот. Покрај тоа, би можеле брзо да добиете „нога“ бидејќи спортистката не мисли дека е тука само за да се чувствувате вие добро. Бројни спортски врска не успеале поради фактот дека мажите не можеле да се помират со фактот покрај себе да имаат еднаква личност , а не мажоретка чија единствена задача е да ги задоволува нив.

ВАШ ПОТЕГ– Пријдете и на начин на кој би сакале таа да ви пријде вам и едноставно кажете : „Гледам, во извонредна форма си, .” Тоа ќе покаже дека ви е јасно и дека го цените она што таа го прави, а сепак тоа не звучи многу старомодно.

ВАЖИ И ЗА … тренер, фитнес инструктор.

АКТЕРКА

ЗОШТО НЕА? Таа ќе ви ја покаже непознатата страна. Актерките најчесто се родени  истражувачи, љубопитни се, полни се со енергија и секогаш подготвени да преземат ризици. Ако мислите дека актерките не се впуштаат во врска со „обичните смртници”, не сте во право – тие често се неврамнотежени, природно сами се насочуваат кон мажите кои се стабилни и цврсти.

ВНИМАНИЕ! Нејзината работа не е само „на лента“, таа нема осум-часовно работно време. Поради снимањата често ќе отсуствува со месеци, а многу е веројатно дека и повеќе ќе патува. Заборавете на распореди кои со години не се менуваат, заборавете ја рутината, заборавете на планирање одмори и прифатете го непредвидливиот и малку исцрпувачки животен распоред.

ВАШИОТ ПОТЕГ– Не нафрлајте се на неа како опседнат обожавател, тоа сигурно многу пати го доживеала и сигурно не ја воодушевува. Не се однесувајте кон неа како кон славна  личност, туку како кон нормална жена која ви се допаѓа: понудете и пијалок. Ако прифати, одлично, ако не, кажете и дека се уште ви е мило што се сретнавте.

ВАЖИ И ЗА … модел, танчерка, организатор на забави, макетинг менаџерка.

КОЛЕШКА

ЗОШТО НЕА? Не мора  да ја заморувате со избрзувања. Врска со колешка често е опасно, како да си играте со оган, но се чини дека се добива во игра само кога ќе видиме дека постои можност за сериозна врска, барам така велат истражувањата.  40% од испитаниците излегувале со партнерот од работа, а дури и 30 % од нив се венчале.

ВНИМАНИЕ!  Убаво е кога ќе ја сретнете во ходник колешката за која сонувате,  но замислете колку е ужасно да се сретнувате секојдневно со жена која ви го скршила срцето. Тоа е едната од најлошите последици во врската со колешка, иако истражувањата покажуваат дека повеќе од половината од вработените кои биле во врска, останале во добри односи.

ВАШ ПОТЕГ – Поканете ја во кино или на вечера,  на ручек или на кафе. Во секој случај, бидете отворени и дајте и можност да ве одбие, вашиот предлог да биде пријателски, не бидете притоа „мртви“ сериозни. Ако одбие, не ја обвинувајте, пошегувајте се и тоа на своја сметка – но не и пред другите колеги.

ВАЖИ И ЗА … блиска пријателка, другарка од средното образование, девојка од вашето маало.

ШЕФИЦА

ЗОШТО НЕА? Силна и амбициозна, што веројатно ве „пали“. Како корпоративна жена, таа го цени утврдувањето и решавањето на проблемите, што е во нејзината крв. Истражувањата потврдуваат – ако сакате  жена која ќе ви помогне да се грижи за семејството, најдете жена која е веќе докажана на работа.

ВНИМАНИЕ! Дозволете ѝ да ја плати сметката – но само од време на време. Така ќе и покажете дека не сте загрозени од нејзиниот успех, иако можеби заработува повеќе од вас. Финансиите се најкомплицираниот дел од една врска, вели Гејл Еванс, поранешен извршен потпретседател на CNN и автор на книгата „Таа победи,вие победивте“ .

ВАШИОТ ПОТЕГ Не „подивувајте“ кога таа ќе одложи некогаш приватна обврска . „Успешните жени имаат многу стрес на работа , па затоа мажите што не се премногу вознемирени се поатрактивни од другите “, вели Еванс.

ВАЖИ И ЗА … претприемачки, брокерки.

ДОКТОРКА

ЗОШТО ТАА? Познато е дека докторите работат во смени, и тоа некогаш тие смени се долги.Затоа тие се трудат да го искористат слободноти време до максимум и немојте да се зачудите ако вашата докторка побара од вас брз секс и што очекува од вас секогаш да сте подготвени за тоа.  Како да сте на копче. Не треба да се чудите ни ако по сексот веднаш заспие. Но, барем пријателите ќе ви завидуваат зашто си имате докторка крај себе. Истражувањата спроведени меѓу жените и машките покажале дека докторите се на трето место на оние на кои им се восхитуваме, по пожарникарите и научниците.

ВНИМАНИЕ! Излегувањата би можеле да ви станат поретки, затоа што докторите се опседнати со својата работа. Истражувањето спроведено во списанието „Journal of American Medical Association” вели дека три од пет анкетирани доктори работат и кога се болни, што и не е некој радосен податок за оние чии партнерки се во докторската ординација. Излегува дека она што сме го гледале во сериите, од типот на „Итна помош“, е многу близу до вистината. Самите доктори признаваат дека врските помеѓу колешки и колеги во бели мантили се доста страстни, особено во ноќните смени.

ВАШ ПОТЕГ– Никогаш не потценувајте вечера со шише вино и добро филмче. Се што помага да се опушти таа, е во ваша корист. Би почитувала задоволство доколку ѝ однесете вкусен сендвич на работа, да ја бакнете и – веднаш да исчезнете. На вистински пат ќе бидете ако успеете да ја натерате да се насмее и да го заборави стресниот ден зад себе.

ВАЖИ И ЗА…ветеринарка, забарка, медицинска сестра.

ПОЛИТИЧАРКА

ЗОШТО ТАА? Се додека гласачките ливчиња ви се поклопуваат, шансите за успех ви се големи. Едно американско истражување извршено на 5.000 брачни парови покажало дека успешни врски со политичар/ка ќе имате додека имате слични политички погледи. Освен тоа политичарката е роден водач, зрела и амбициозна.

„Ќе добиете врвна професионалка која ќе ве донесе до емоционален и финансиски врв“,тврди Џефри Гардер автор на книгата „Љубовни рецепти“.

ВНИМАНИЕ! Бидете искрени за вашето минато. Ако е таа на поголема позиција, вашите „гревови“ се поопасни за неа, зашто политичките ривали, па дури и оние од истата партија се спремни да копаат по ѓубрето.

„За разлика од машките политичари на кои знаело да им биде простен „љубовен излет“ гласачите кон жените се потполно нетолерантни“, вели Гардер. „Затоа таа ќе бара врска со сериозен и одговорен маж“.

ВАШ ПОТЕГ – Бидете искрени! Таа како да има вграден детектор за лажговци.

ВАЖИ И ЗА…адвокатка, професорка, продуцентка.

ЗАВИСНИЧКА ОД АДРЕНАЛИН

ЗОШТО ТАА? Ќе ве извади од чевлите, запомнете, што повеќе возбудувања, тоа подолга врска.Ако ништо друго, нема да ве заборави. Едно истражување покажало дека многу подолго памтиме и на друг начин ги обработуваме емотивно екстремните случувања.

ВНИМАНИЕ! Внимавајте на нејзините емоционални вложувања односно на  непостоење на кочници. Истражувањето покажало дека кај авантуристите многу поактивен дел од мозокот е оној со зависничко однесување (како кај пушењето), а помалку активен е оној кој ги контролира емоциите. Затоа, што повеќе вашата партнерка е зависна од адреналин, тоа помалку е достапна.

„Додека се качувам по карпа каде удираат големи бранови, тешко да одговорам на мојот мобилен телефон“ признава Бонита Норис, една од најмладите жени кои се искачиле на Монт Еверест.

ВАШ ПОТЕГ– Не комплицирајте, повикајте ја на состанок.Повеќето од нив веќе биле повикувани да се качуваат по планини, слегување по пештери, спиење во шума и на снег, но ретко кој ги викнал да излезат каде што треба женствено да се облечат.

ВАЖИ И ЗА…полицајка, екологистка, активистка.

КЕЛНЕРКА

ЗОШТО ТАА? Добра келнерка внимателно слуша, спремна е за разговор, духовита е и позитивна. Даниел Менакер,автор на книгата „Добар разговор“ (“A good talk”) предупредува на тоа дека келнерката слуша доста приказни и трачеви, така да има способност од прва да процени дали сте искрен или сте уште еден лажго. Тој ги споредува со медицинските сестри : „потешко е да ги шокирате за разлика од останатите жени, подруштвени се, знаат да почитуваат и се поотпорни“.

ВНИМАНИЕ! Таа е ноќна птица.„Штом работите тоа, мора и да бидете од тој тип“ предупредува Индира Торес, келнерка во ресторантот “Silk City Dinner” во Филаделфија и довдава – „Најчесто сум будна околу 22 часот, а најчесто не спијам околу 3-4 наутро. „Ни останатиот дел од денот не е лесен. Мора да бидете флексибилни и креативни. На нашите мажи не им е лесно бидејќи им се чини како никогаш да не сме дома, особено за викендите“.

ВАШ ПОТЕГ – Внимавајте каде ќе пиете со вашите пријатели. „Еднаш ме повика да излезем едно момче кое живееше и  работеше спроти кафулето.“ вели Хедер,24-годишна келнерка од Њујорк.„Се согласив на тоа, но само поради тоа што претходно се уверив дека типот е пристоен, неженет и никогаш не се напил во моето кафуле“

ВАЖИ И ЗА…новинарка, психијатар, водителка.

МУЗИЧАРКА

ЗОШТО ТАА? Ќе се чувствувате убаво во нејзино друштво. Музичката индустрија е подложна на бројни промени, така што на луѓето им е мило да работат со луѓе кои не ги комплицираат работите и сè решаваат со насмевка. Освен тоа, едно истражување покажува дека музичарите се поинтелигентни од просекот, а со самото тоа ја гледаат целата слика, а не само деловите.

ВНИМАНИЕ! Турнеите можат да ги искомплицираат работите. Кога сте во врска со пејачка, мора да сфатите дека турнеите се нешто вообичаено, нешто со што мора да живеете.

ВАШ ПОТЕГ – Разговарајте со неа за музиката и почитувајте ја кога таа работи. Бидете подготвени на „креативно лудило“. Бидете подготвени и на тоа дека кога музичарката компонира или пишува песна се заклучува во собата и никој не смее да влезе додека работи. Ако ја прекине момчето, може и за него да напише песна која сигурно не би му се допаднала!

ВАЖИ И ЗА…писателка, дизајнерка, архитект.

 

Слични објави

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо
Се вчитува....